Срцето сака, ама нозете не даваат – Робен ќе паузира еден месец

Арјен Робен откако му се врати на активното играње фудбал, во дресот на Гронинген, им се врати и на старите проблеми со мускулните повреди, па пропишти неколку меча или не можеше да игра 90 минути. Затоа холандската легенда одлучи да не игра до декември, со цел да се врати во топ физичка форма и да биде сигурен дека кога ќе игра, нема да чувствува нелагодност.

Левото крило кое во минатото се прослави играјќи за ПСВ, Челзи, Реал и Баерн се договорил со клупските лекари и со тренерскиот тим дека најдобро е да не се форсира, туку да си даде време за закрепнување. Ќе работи по специјална програма и нема поставено рок кога би се вратил на терен, но познато е дека тоа нема да се случи пред почетокот на наредниот месец.

„Нема да кријам дека оваа ситуација ме разочарува. Се надевав дека ќе можам да играм на повеќе натпревари, но имам мали непријатности и болки кои прават реалноста да не биде според желбите. Можеби и ова е логично, цела година немав играно, а имам богата историја на повреди низ годините“, изјави Робен.

- Оглас -

Најнови вести