Стадионите на ЕВРО 2024 ќе имаат нови имиња!

Денес официјално започнуваат Квалификациите за Европското првенство во Германија. Додека најголемиот дел од репрезентациите (освен Германија како домаќин и Русија која е суспендирана) ќе се борат за пласман на континенталниот собир, домаќинот со полна пареа работи на организацијата на турнирот.

Европската фудбалска унија, УЕФА, не дозволува како имиња на стадиони на големите натпреварувања да се користат компании со кои немаат соработка. Така 8 од 10 стадиони во Германија ќе добијат нови имиња за Европското првенство во 2024 година.

Според протоколот, УЕФА ја презема организацијата од 14.05.2024 и од тој момент стадионите на кои ќе се играат натпреварите од ЕВРО 2024 ќе имаат нови имиња. Предлогот до клубовите и до градските власти донесе неколку спорови, кои на крај се разрешени со взаемно прифатени имиња на стадионите. Пример е стадионот на Борусија во Дортмунд кој се вика Сигнал Идуна парк, а УЕФА сакаше да го преименува, односно да го врати старото име – Вестфален. Слично беше и во Лајпциг, каде УЕФА сакаше да го врати старото име на Ред Бул Арената – Централстадион.

На крајот двете страни попуштија и се најде компромис. Ова се имињата кои ќе се користат за време на Европското првенство:

-Фудбалска Арена Минхен („Алијанц арена“)
– стадион Борусија Дортмунд („Сигнал Идуна парк“)
– Штутгард Арена („Мерцедес Бенз арена“)
– Ауф Шалке Арена Гелзенкирхен („Велтинс арена“)
– Арена Франкфурт („Дојч Банк арена“)
– Арена Дизелдорф („Меркур Шпиеларена“)
– стадион Келн („Рајн Енерџи“)
– стадион Лајпциг („Ред Бул Арена“)
* Во заграда се оригиналните имиња.

Непроменети остануваат само имињата на Олимпискиот стадион во Берлин и на Волкспарк во Хамбург.

ЕВРО 2024 ќе започне на 14.06.2024 и ќе трае сè до 14.07.2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести