Станаа лидери во Бундеслигата, па примија 14 голови на 4 меча

Волфсбург блескаше на стартот од Бундеслигата и беше и лидер во октомври по 8 кола, но потоа почнаа да се редат порази и дојде до голем пад на 10. позиција.

Популарните „волци“ и денеска потврдија дека набрзина влегоа во огромна криза, а им следеше нов пораз од Баер Леверкузен.

Гостите славеа со 2:0 со головите на Белараби и на Паулињо, со што заокружија еден исклучително лош период од месец дена за Волфсбург.

Австриецот Оливер Гласнер нема рецепт како да ја сопре кризата, а во серијалот големи неуспеси Волфсбург прими дури 14 голови на четири меча во три различни натпреварувања.

Лајпциг им даде шест во мечот од националниот куп на Германија, потоа Борусија Дортмунд и Гент по трипати ја тресеа мрежата на Павао Перман, а денеска и „фармацевтите“ двапати погодија.

До овие 14 погодоци, одбраната на Волфсбург имаше примено 10 гола на 10 натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести