Станува фудбалска класика – Кејн е асистент, Сон е стрелец за победа на Тотенхем (Видео)

Убиствениот тандем Хари Кејн и Сон Хеунг-мин повторно одигра победничка акција за Тотенхем, екипата што го победи Барнли со 1:0 во последниот меч од шестото коло во Премиер лигата.

Акцијата беше интересна, а двете ѕвезди на Спарс одиграа со глава во 76-тата минута, Кејн до Сон и Јужнокореецот го постигна десеттиот гол сезонава на девет меча.

Сон сега е и прв стрелец во Премиер лигата со 8 гола, еден повеќе од Калверт Луин, а Кејн има пет погодоци, но и импресивни 8 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести