Станува жешко: Леброн е фокусиран, но дали Џими може да приреди ново шоу?

Ноќта меѓу вторник и среда се игра четвртиот натпревар од финалната серија во НБА-лигата меѓу ЛА лејкерс и Мајами хит. Жешките приредија големо изненадување во минатиот меч, намалија на 2-1 без Драгиќ и Адебајо во составот, но го имаа расположениот Џими Батлер, кој блесна со 40 поени и притоа оствари трипл-дабл.

За тоа дали Драгиќ и Адебајо ќе се вратат во првата петорка во пресрет на четвртата средба, ќе се знае пред нејзиниот почеток, но и без нив тимот на Ерик Сполстра покажа дека може да се носи со фаворитот.

Мајами уште еднаш покажа како се игра тимска кошарка, многу значеа поените на Олиник, особено на младиот Тајлер Хиро, кому со секој нареден меч му се крева самодовербата и не се плаши што на противничката страна има великан и староседелец во финалињата, Леброн Џејмс. Оттаму, во Мајами владее атмосфера дека може да се дојде до израмнување, а дали и ќе го оствари, ќе се види вечерва.

На другата страна, пак, нема простор за паника, како што вели Џејмс. Кралот знае дека нема потреба да се отстапува од планот, кој очигледно досега функционира речиси беспрекорно. Лејкерси сите серии ги добија со 4-1, резултат кој може да биде и конечен во големото финале според едно од сценаријата.

Езерџиите се потпираат на искуството во екипата, Џејмс знае како се завршуваат дуели од ваков тип, додека Ентони Дејвис мора да се поправи по скромното издание во третата средба. Тренерот Вогел има задача да ги консолидира своите играчи за да го намалат бројот на загубинени топки, што беше една од првите причини за поразот на Лејкерс.

Sport Life обложувалници како и досега, повторно има богата понуда за обложување на пресметката од финалната серија во НБА лигата. Настрана стандардните „кец“ и „двојка“, коефицинтите се одлични во индивидуалниот учинок во поени, скокови, асистенции. Во спектарот на игра достапни за обложување се статистиките во украдени топки, блокади, три сегменти заедно, како и шутеви за три поени.

- Оглас -

Најнови вести