Старата дама немала подобар тренер од Сари

Јувентус вчера заврши голема работа во победата од 1-0 против Атлетико Мадрид. Италијанскиот првак се пласира во нокаут фазата како првопласирана екипа во групата Д. Иако има уште едно коло за играње, Јуве има 13 бода, односно шест повеќе од Атлетико Мадрид, што значи дека им е гарантирано првото место.

Со овој позитивен исход тренерот Маурисио Сари испиша историја. Благодарение на него Бјанконерите го остварија најдобриот старт на сезоната освојувајќи 48 бода комбинирано во Серија А и Лигата на шампионите. Како лидери во Калчолигата Јувентус има 35 бода по 13 натпревари, додека во петте меча во групната фаза во ЛШ освоија 13 бода.

Гигантот од Торино и натаму не знае за пораз оваа сезона, во двете натпреварувања само двапати ремизираа, останатите мечеви сите ги добија. Според оваа статистика, Сари е најдобар тренер во историјата на Јувентус, му преостанува да си го збогати своето портфолио со неколку трофеи, а веќе е на добар пат да го оствари тоа.

- Оглас -

Најнови вести