СТАРТНИ СОСТАВИ: Белгија со Де Бројне и без Еден Азар ќе оди на победа против Аѕурите (Фото)

Белгија ќе го има главниот играч во репрезентацијата Кевин Де Бројне како стартер вечерва од 21 часот против Италија во дербито на четвртфиналните дуели на ЕП, но остана Без Еден Азар.

Играчот на Манчестер сити стисна заби и ќе ги предводи Црвените ѓаволи, но Азар не успеа да ја санира повредата. Двете ѕвезди на Белгија се повредија на претходниот меч со Португалија, што го добија со 1:0.

Кај Италијанците Киеза е во првиот состав, откако постигна значаен погодок во претхпдната фаза против Австрија.

Со него во нападот ќе бидат и Инсиње и Имобиле, а Белгијците се одлучија за еден класичен напаѓач, Ромелу Лукаку и зад него со Де Бројне и Доку.

Мечот се игра на „Алијанс“ арена во Минхен од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести