Стартува нова сезона на Типстер купот, 100.000 денари секој месец го чекаат најдобриот!

Традиционално септември е месец со којшто стартува една од најомилените акциски игри на сите обложувачи во Sport Life, а тоа е Типстер купот. Овој најдолговечен обложувачки Куп во Македонија трае повеќе од една деценија, а подароците кои се подготвени за најдобрите секогаш се атрактивни.

Оваа сезона ќе биде иста како минатата и добро позната за сите оние коишто веќе играа. За оние коишто ја пропуштија ланската сезона, а сакаат да бидат дел од Купот, правилата се едноставни.

Право за настап во Типстер купот имаат сите оние коишто имаат Sport Life картичка и при секој уплатен тикет ја користат оваа картичка. Значи, во игра се сите тикети кои се уплатени со СЛ картичка и тоа на коишто има барем шест меча со коефициенти најмалку од 1.50.

На крајот, најдобар е типстерот кој ќе има најмногу погодени тикети. Доколку бројот на погодени тикети е ист на повеќе типстери, прв е оној чиј коефициент на погодени мечеви е најголем. Најдобриот Типстер во месецот ќе си добие 100.000 денари, за вториот следуваат 30.000 денари, а третиот ќе си добие 20.000 денари.

Секој месец е посебен за себе, па тоа значи дека првата етапа започнува денеска (1 септември) и ќе трае заклучно до 30 септември. Вкупно ќе има девет месечни етапи, односно Типстер купот ќе трае заклучно до 31 мај 2023 година.

Сите детални правила околу Типстер купот може да ги прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести