Сташ Скубе си оди од Вардар!

Словенечкиот ракометар кој беше дел од шампионската генерација на Вардар, Сташ Скубе, на „Инстаграм“ потврди дека од следната сезона нема да биде дел од македонскиот првак. Средниот бек го најави заминувањето.

„Горд сум што го носев дресот на Вардар две години и екстремно сум горд на сето она што го постигнавме во последниот период! Секако, освојувањето на Лигата на шампионите минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! Би сакал да им се заблагодарам на сите соиграчи, фановите и луѓето што ни даваа поддршка и во добри и во лоши времиња. Му посакувам сè најдобро на Вардар и се надевам дека во иднина клубот ќе биде на нивото кое го заслужува. Летово го напуштам Скопје, но сигурен сум дека нашите патишта ќе се сретнат повторно. Вистинската љубов е навиката да се враќаш назад. Еден живот, една љубов“, напиша Скубе.

Само пред неколку дена, Скубе велеше дека шансите да остане во Вардар се 50-50, но денеска дефинитивно ги разреши дилемите. До крајот на неделава се очекува да потпише за некој од клубовите кои подолго време се интересираат за него.

- Оглас -

Најнови вести