Стативата го спречи најатрактивниот гол на годината (Видео)

Дербито на аргентинската лига помеѓу четвртиот Аргентинос јуниорс и третиот Ланус, заврши со 0-0, резултат од кој многу позадоволни треба да бидат гостите. Аргентинос јуниорс во 74-та минута не реализираше пенал, а 19 минути претходно, направи супер акција која за жал на сите, освен на фановите на Ланус, не заврши со гол.

Бекот Елиас Гомес нафрли со удар кој се нарекува „рабона“, Сантијаго Силва ја смири топката, си ја крена, а бидејќи беше свртен со грб кон голот, мораше да направи ножички. Успеа, добро го направи тоа, но топката од стативата се одби во гол-аут. Ако дадеше гол, оваа мајсторска и атрактивна акција ќе беше кандидат за голк на годината.

https://twitter.com/i/status/1225960336098021378

- Оглас -

Најнови вести