Статуа пред „Кинг Пауер“ во чест на трагично загинатиот сопственик на Лестер

Лестер сити ги откри деталите за поставување статуа пред стадионот „Кинг Пауер“ во чест на трагично загинатиот сопственик Вишај Шриваданапраба. Тајландскиот бизнисмен загина на 60 години во октомври 2018 година, откако неговиот хеликоптер се урна при полетување во непосредна близина на стадионот.

Неговиот син Ајават уште во ноември минатата година посочи дека сака да го оствари овој план со цел да го овековечи починатиот татко. Како што пренесе „Би-би-си“, бронзената статуа ќе биде висока околу 2,7 метри, поставена на декориран син камен ќе биде висока до 5 метри, а посебно ќе се истакнатат иницијалите на Вишај.

За остварување на проектот, допрва треба да одлучи градскиот совет, наводно рокот е до 2 јуни. Лестер на чело со Шриваданапраба го оствари најголемиот клупски успех во историјата освојувајќи ја титулата во Премиер лигата во сезоната 2015/16.

- Оглас -

Најнови вести