Статуата на легендарниот Јохан Кројф се издигна пред „Камп ноу“

Статуата на легендарниот Јохан Кројф вчера беше обелоденета пред „Камп ноу“. На церемонијата присуствуваа семејството на починатиот холандски фудбалер, највисоките функционери на Барселона, кои беа во придружба на првиот човек на каталонската влада, Ким Тора.

Барселона го овечовечи пионерот на популарната филозофија „тотал фудбал“, која шпанскиот првак и ден денес ја негува. Кројф почина на 24 март во 2016 година на 69 годишна возраст, а по неговото заминување меѓу легендите, неговите поранешни клубови му оддаваа секаква чест (Ајакс во 2016 година го смени името на нивниот стадион од „Амстердам арена“ во „Јохан Кројф арена“).

„За нашето семејство е преголема чест што мојот татко доби статуа пред еден од најголемите клубови на светот. Мислам дека нема подобро место каде што и можела да стои неговата статуа. Барселона беше негов дом долги години, за него ова место беше посебно. Дури и позата е погодена, барем јас така го паметам, како им покажува на сите каде треба да одат и што да прават“, истакна синот на Јохан, Џорди Кројф.

Кројф своевремено со голем успех ги бранеше боите на Барселона и како играч, но и како тренер, освојувајќи бројни титули во Шпанија, но и на европската сцена.

 

 

- Оглас -

Најнови вести