Стефан Мицов освои турнир со 25-годишна традиција

Стефан Мицов е победник на турнирот Бовин Неготино Опен 2019 што се играше изминативе денови на терените на тенискиот клуб Неготино. Мицов во финалето, во многу изедначен меч го совлада репрезентативниот колега Горазд Србљак со 2-1 во сетови.

„Одиграв многу добар меч, го дадов својот максимум за да победам. Благодарност до организаторот, спонзорите и мојата фамилија. Се надевам ќе се видиме и наредната година“, изјави Мицов веднаш по мечот.

Лани во финалето Мицов загуби од Томислав Јотовски, но оваа година тој отиде чекор напред и успеа да ја освои титулата.

Ова е турнир кој постои повеќе од две децении.

„Бовин Неготино Опен е турнир со долга традиција. Првиот турнир го организиравме во далечната 1994 година и оттогаш наваму успеавме да изградиме една традиција. Оваа година на турнирот настапија 53-ца играчи од Македонија, Шпанија, Словенија, Србија“, изјави Ванчо Лазов, претседателот на ТК Неготино.

 

- Оглас -

Најнови вести