Стефани в среда влегува во историјата, прва жена главен судија на меч од Лигата на шампионите

Натпреварот помеѓу Јувентус и Динамо Киев од Лигата на шампионите, кој ќе се игра в среда (2 декември), ќе влезе во историјата како прв на кој во улога на главен судија била жена.

УЕФА одлучи да ѝ даде доверба на 36-годишната Французинка Стефани Фрапар и таа ќе го води мечот во Торино. Помошниците, резервниот судија и во ВАР-собата ќе бидат мажи.

Ова е голем чекор напред кон рамноправност на половите во овој дел, а за Стефани не е ништо ново да им суди на познати клубови во машка конкуренција.

Во 2019 година таа во Истанбул го водеше мечот од Суперкупот на Европа помеѓу Ливерпул и Челзи, а сезонава во Лигата на Европа делеше правда на дуелите Лестер – Зорја и Гранада – Омонија.

- Оглас -

Најнови вести