Макдонската ракометна репрезентација и официјално заврши на 14-тото место на Европското првнство кое уште е во тек. Нашата селекција заедно со уште 11 репрезентации го завршија настапот, а најдобрите 12 продолжуваат во главната фаза.
Ова ЕП беше и прво под водство на новото раководство на ракометната федерација на Македонија (РФМ), а претседателот Александар Стефанов е задоволен од настапот на нашите ракометари.
„Мора и треба да бидеме задоволни со тоа што го прикажавме во Данска на ова Европско првенство. Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики, според букмејкерите. Докажавме дека можеме и во тоа како силна група покрај светскиот и олимпискиот шампион Данска, како и Португалија која заврши четврта на последното првенство, да извојуваме едно реми и една победа и како една од подобрите третопласирани селекции во сите групи да го завршиме ова првенство и како носители да чекаме поволен ждреб за Светското првенство“ посочи Стефанов и продолжи:
“Ова е една успешна претстава, одиграно машки, храбро, борбено. Со Романија цел меч имавме резултат, го контролиравме. Дојдовме до важна победа и треба да сме задоволни и како федерација и како национален тим и како држава“, заврши Стефанов.

