Стерлинг е како мачка во тепачка – Погледнете како изгледа лицето на Гомес (Фото)

Џо Гомес има гребнатина под окото како последица од тепачката со Рахим Стерлинг на тренингот на репрезентацијата на Англија пред мечот со Црна Гора задутре.

Духот на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер сити што се играше во неделата се пренесе на тренингот на „Гордиот Албион“, а очигледно е дека имало и бокс-меч меѓу Гомес, кој е играч на лидерот во Премиер лигата, и Стерлинг, кој игра за актуелниот шампион.

Подебелиот крај го извлекол Гомес, а казната е за Стерлинг, кој нема да игра против Косово, иако не е исфрлен од репрезентацијата.

Англиските медиуми објавија дека играчот на Манчестер сити веќе бил во автомобил на пат кон дома, но му јавиле да се врати во тренинг-центарот по одлуката на селекторот Герет Саутгејт сепак да не го отстрани од репрезентацијата, туку да го казни со неиграње против Црна Гора на „Вембли“.

- Оглас -

Најнови вести