Стерлинг може да добие повик од Реал Мадрид

Реал Мадрид многу сериозно размислува да тргне во обид да го купи Рахим Стерлинг од Манчестер сити. Брзоногиот играч е еден од најдобрите во тимот на „граѓаните“, па токму затоа и Реал се заинтересира за неговите услуги. Крилото има уште две години од договорот со Сити и засега нема знаци дека сака да ја продолжи соработката со тимот од „Итихад“.

Самиот Стерлинг неодамна потенцираше дека размислува и за кариера надвор од Премиер лигата, што е уште еден знак плус дека Реал има добри шанси да го купи и тоа за не многу висока сума. Сепак, додека во Сити игра одлично, кога се работи за националниот тим, Стерлинг е речиси невидлив. Англиските медиуми потенцираат дека се поминати три години од неговиот последен гол во репрезентативниот дрес, па дури се доведува во прашање дали заслужува да го носи дресот на „гордиот албион“.

Проблеми со реализацијата во оваа сезона има и Реал Мадрид. По заминувањето на Кристијано Роналдо, мадридскиот гигант покажа дека ја нема истата сила од лани. Тимот моментно игра без идеја во нападот, па затоа е во серија од 409 минути без постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести