Стерлинг во Сити до 2023 година

Се исполни желбата на Пеп Гвардиола, Рахим Стерлинг потпиша нов,  петгодишен договор со Манчестер сити. Англичанецот ќе заработува 300.000 фунти неделно, а во клубот ќе остане најмалку до 2023 година.

Претходниот договор на брзоногиот офанзивец истекуваше на крајот од следната сезона, а константните пофалби од Гвардиола, како и неговото потенцирање дека сака да го задржи Стерлинг во своите редови, го натераа раководството да реагира и да го направат фудбалерот еден од најплатените во Премиер лигата.

„Среќен сум што потпишав нов договор. Мојот развој во овој клуб е неверојатен, секој ден сѐ повеќе напреднувам како фудбалер. Уште првиот пат кога пристигнав тука знаев дека го направив вистинскиот избор. Мојот труд се исплати и мило ми е што и другите го забележаа тоа“, истакна Стерлинг.

Дваесет и тригодишниот Стерлинг пристигна на „Етихад“ во 2015 година од редовите на Ливерпул, за сума од 49 милиони фунти. Во сите натпреварувања, Стерлинг одигра над 150 натпревари за „граѓаните“, на кои постигна 51 погодок и 55 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести