Стив Брус имаше видено сè и сешто, ама ова не

Њукасл со пресврт дојде до победата над Борнмут со 2-1 во натпревар од Премиерлигата имаше посебно значење за тренерот на „чавките“. Стив Брус во тренерската кариера има водено тимови на дури 915 натпревари во сите натпреварувања, но попладнево првпат се сретна против Борнмут. Тие се 87-миот различен тим против кој имал дуел легендарниот Брус.

Евертон со 2-1 победи на гости кај Саутхемптон, и дојде до првата гостинска победа во Премиерлигата од март наваму. Саутхемптон во шесте домашни мечеви на „Сент Мери“ сезонава прими дури 21 голови, што е негативен рекорд во Премиерлигата откако се игра во овој формат. Пред речиси 90 години, Блекпул имаше примено 22 гола во шест домашни дуели.

Вест Хем можеби ќе се раздели со тренерот Мануел Пелегрини, но и тој што би дошол на негово место (се шпекулира со Рафа Бенитес и Нико Ковач) во првите два меча како предводник на „чеканите“ треба да игра со Тотенхем и Челзи.

Шефилд јунајтед остана на само еден домашен пораз во 2019 година, откако заслужено освои бод на дуелот со Тотенхем. Шефилд даде два гола, од кои едниот беше поништен по долго три-четириминутно гледање на ВАР снимка. Кај „петлите“, пет гола на последните пет меча даде Кореецот Сон.

- Оглас -

Најнови вести