Стоичков е најголем противник на враќањето на Нејмар во Барселона

Христо Стоичков, кој е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Барселона и човек кој уште е голем фан на Барса, смета дека на Каталонците не им треба луксузот да го купуваат Нејмар, особено не ако тоа значи откажување од Иван Ракитиќ и Кутињо.

Ова е изненадување бидејќи Стоичков секогаш има исто мислење со фановите на каталонскиот тим, а мнозинството навивачи сметаат дека добро би било Нејмар да се врати, со што Христо не се согласува и не верува во тие анкети.

„Барселона нема потреба од Нејмар. Нема место за него. Каде ќе игра, на местото на Меси, на Суарес, на Гриезман? И Дембеле е тука. Тој е темпирана бомба. Знам дека има играчи кои сакаат тој да се врати, и претседателот сака, но клубот не треба да дава пари за Нејмар, ниту еден долар или евро. Големо непочитување би било ако во ПСЖ се испратат Ракитиќ и Кутињо. Иван Ракитиќ е одличен фудбалер, секогаш ги брани интересите на тимот, Кутињо вреди многу и тој е играчиште. Навивачите на Барселона го сакаат клубот и не треба да му простат на Нејмар за тоа што го направи пред две години, знаеме на каков начин си замина“, изјави Стоичков во интервју за една шпанска телевизија.

Се шпекулира дека Барса на ПСЖ му понудила 80 милиони евра плус Кутињо, но парижаните не се задоволни со ова и наводно бараат да биде вклучен и Ракитиќ.

- Оглас -

Најнови вести