Стоичков пред 8 дена погоди кои две селекции ќе играат во финалето, сега со нова прогноза (Фото)

Најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња, Христо Стоичков, уште по завршувањето на осминафиналнте дуели на ЕВРО 2020, даде прогноза дека во финалето ќе се сретнат Италија и Англија. Камата тогаш се покажа како добар прогнозер.

„Одлично Европско првенство. Групата на смртта се претвори во група на губитниците. Тешко е да се прогнозира, но денеска моето финале е Италија – Англија!“, објави Стоичков на „Фејсбук“ на 30 јуни.

Стоичков е задоволен од квалитетот на фудбалот и се надева дека финалето ќе биде спектакл.

„Уште по осминафиналето предвидов кој ќе игра на ‘Вембли’ в недела! Одлични драми, одличен фудбал! Браво за Италија и Англија! Браво и за Шпанија и Данска! Очекувам уште подобро финале“, порачува Стоичков.

- Оглас -

Најнови вести