Стоилов: Ние сме Вардар и никогаш не се предаваме

Барселона дефинитивно е најтешкиот противник кој можеше да го добие Вардар во полуфиналето на фајнлфор-турнирот во Келн. Каталонскиот гигант е прв фаворит за трофејот, тоа го знае и капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, но големиот борец како и секогаш е полн со оптимизам и најави дека Вардар нема да се предаде против ниту еден ривал.

„Сеедно беше кој ќе биде противникот. Сите четири клубови имаат исто шанси да бидат шампиони. Барселона е многу тежок противник. Беше прва во нашата група, два пати нè победија, но ние сме Вардар и не се предаваме. Исто е за сите, нема разлика, еден меч е и сè може да се случи“, рече Стоилов во првата реакција по дознавањето на противникот во полуфиналето на Ф4 во Келн.

И капитенот на Барселона, Томас, вели дека ќе биде неизвесен мечот во полуфиналето.

„Многу опасен клуб е Вардар. Имаат незавидна ситуација во клубот, но се борат. Ќе биде многу тешко. Се покажа дека нема фаворити. Еден меч е. На фајнлфор-турнирите се случуваат луди работи. Нема фаворити“, рече капитенот на Барселона, Томас.

- Оглас -

Најнови вести