Стојановски нема да го види Нејмар – Бразилецот не игра против Ним

Нејмар нема да игра за Пари Сен Жермен на премиерата за клубот во новото првенство на Франција, против Ним, клуб за кој треба да дебитира нашиот интернационалец Влатко Стојановски.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо објави дека неговиот сонародник Нејмар нема да настапи на „Паркот на Принцовите“ утре од 21 часот, што е уште еден сигнал дека се подготвува трансфер.

ПСЖ и го понуди Нејмар на Барселона, за Кутињо и Семедо и плус бара 50 милиони евра во размената на играчите.

Стојановски од оваа сезона ќе игра за Ним и е првиот наш фудбалер во елитната француска лига по десеттина години пауза. Се очекува мечот со ПСЖ да го почне од клупата, а можно е да добие шанса да игра, што би било и негово официјално деби за прволигашот од југоисточниот дел на Франција.

Напаѓачот пристигна летово во Ним од Ренова за 1.5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести