Стојановски се радува – Го постигна првиот гол за Ним

Влатко Стојановски конечно одигра цел меч за Ним и ја искористи шансата за да постигне дебитантски погодок во дресот на францускиот прволигаш.

Македонскиот репрезентативец погододи од белата точка во 87-мата минута и стави печат на убедливата победа на Ним од 3:0 против Ленс во Францускиот куп.

Стојановски летоска пристигна во Ним од редовите на Ренова и е првиот македонски фудбалер по долга пауза што е член на француски прволигаш.

Вечерва за првпат беше стартер, одигра цел меч и со гол помогна Ним да се пласира во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести