Стоке, Брихтон, Порта Влае и Шифо „икс“

Во неделата вечерта, околу 21 часот, пристигнав во обложувалница во Sport Life на раат да го следам шпанското дерби меѓу Севилја и Реал Мадрид. Викендот за обложување веќе е при крај, но завесата не е спуштена, па сè уште има доста натпревари и надеж да се заработи некој денар.

Со тикет пред тебе поинтересно е да се следи што се случува во светот на фудбалот, таблата со натпревари во живо сè уште е полна како грозд, а и се договоривме фудбалско друштво за мерак. Додека не стигнат, имам време за да го пролистам билтенот на Sport Life.

 

Само што се сместив, непознат човек ме прашува: може ли да седнам на масава, има најдобар поглед од тука. Бурјум, му велам и уште неседнат, го гледам се туфка.

„Ах, како не ги одиграв моите тимови Стоке, Порта Влае, Брихтон и Шифо, сите излегоа нерешено, добра пара ќе фатев“, ми вели загрижено.

Стоке го знам, тоа е англискиот Стоук, Порта Влае е нагалено за Порт вејл, а и Брихтон го знам, така често го нарекуваат премиерлигашот Брајтон. Ама кој е сега Шифо? Што тим требало да одигра човеков „икс“? Енцо Шифо е белгиска фудбалска легенда, но тој е одамна во пензија.

Го кренав погледот од билтенот, правам прекин на програмата, тикетот може да почека. „Чекај малку. Кој е Шифо?“, го прашувам.

Како не го знаеш Шифо, игра во Италија, ми возвраќа. Се преслушувам набрзина и навистина не ми текнува на клуб со такво име. „Добро еве го билтенот, покажи ми во која лига игра и со кого одигра нерешено“.

Реакцијата на непознатиот гостин повторно е експресна. „Еве го, изигра 2:2 со Пиза“, со прстот покажува во билтенот.

Насмевката не можев да ја сокријам, се работи за неодамнешниот калчолигаш Киево, или изворно Chievo.

И сега ми дојде на ум, колку им е тешко на операторите што „куцаат“ тикети.

Замислете нѐ тандем, јас со мојот ногопис и човекот што седи до мене со неговиот изговор како стоиме на шалтер за уплата и ги чекаме нашите тикети. Тој сака да уплати во живо или на веќе почнати натпревари, јас на одложено, на сè уште незапочнати мечеви.

Стај ми ги во живо Стоке, Порта Влае, Брихтон и Шифо сите „икс“ за стотче и вели на едната девојка што подготвено чека да го состави добитниот тикет.

Јас веќе сум ја ставил во недоумица нејзината колешка со моите апсолутно нечитливи шифри, половина згрешени, втората половина со веќе одиграни натпревари. И наместо да нѐ искараат за изворното толкување на билтенот по „нашки“, девојките љубезно со насмевка нѐ коригираат.

„Ве молам прочитајте ми ги шифрите на натпреварите, ги имате над вас на екранот со натпревари“ ги слушам инструкциите до мене, а јас наместо жолт картон, добив коректен одговор дека комплетно сум ја утнал работата. 

Ништо, морам на поправен, а не сум ни составил тикет. Се враќам на место и сфаќам всушност колку им е тешка работата на луѓето што се зад шалтерот. Мора да нѐ истрпат илјадници луѓе дневно, или месечно, сеедно, со нашите навики, проблеми, знаење или незнаење.

Затоа добронамерната порака е ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ОПЕРАТОРИТЕ, тие се тука за вас, секогаш љубезни и без нервоза, подготвени да помогнат да одиграте како што сте наумиле.

Ако по утрото денот се познава, во мај ќе гледаме Ел Класико финале во Лигата на Европа

Реал еден, а Барса ниеден. Тоа е гол-ефектот на двата шпански и светски гиганти на двата последни натпревари што ги одиграа во Лигата на шампионите и во Ла Лига.

Кралскиот клуб си помина многу сиромашно во Париз и доживеа вистински дебакл од ПСЖ со тројка во мрежата на Тибо Куртоа. „Мрак“ за најтрофејниот клуб во Градот на светлината.

Како што играа, со ниеден шут во рамките на голот, добро минаа. Добро е за нив што веднаш потоа, викендов, се извадија со победа од 1:0 против Севилја во Ла Лига. И тоа беше неубедливо, но на победата не ѝ се гледа во заби.

Во Дортмунд, Борусија го сардиса голот на Марк-Андре тер Штеген и само невидена среќа ја спаси и Барса од бродолом во стартното коло од Лигата на шампионите. Како бранеше Германецот, па тоа е чудо.

И, ако денот по утрото се познава. ќе гледаме Ел Класико во европско финале, но не во Лигата на шампионите, туку во Лигата на Европа, на 27 мај во Гдањск.

Барса продолжи со уште еден очаен настап и по голготата во Дортмунд, доживеа дебакл во Гранада. Пораз од 0:2 на „Лос Карменес“ е чудо над чудата во Ла Лига. Особено ако се знае дека актуелниот првак имаше серија од шест победи против Гранада. И пристигна на гости со 12 постигнати голови на четири меча, комплетна со сите ѕвезди во тимот, вклучувајќи го и Меси. Епилогот е еден шут во рамките на голот на домаќините, што е уште едно чудо за апсолутниот фаворит и клуб што вреди милијарди евра.

Време за поправен има, особено до првиот дерби-дуел на двата гиганти што ќе се игра на 27 октомври, на „Камп ноу“.

Но, ако продолжат вака, ќе гледаме „Ел Статико“ без погодоци и удари на гол, наместо Ел Класико, дерби што е број 1 во светот на фудбалот.

До новите дуели во Лигата на шампионите на почетокот на октомври, со нетрпение ги чекаме вонредните кола во Шпанија, Италија и Франција што ќе се играат утре, задутре и во четврток.

Бетис е гол-гол, Марсеј ќе го победи Дижон, Јувентус е пресилен за Бреша, Лил ќе го преслуша Стразбур, а Сент Етјен е голем кец против Мец. Наполи е посилен од Калјари, Селта ќе го „тепа“ Еспањол, додајте уште некој пар, фатете бонус од Фибоначи плус и очекувајте убава добивка.

И, секако, до новата средба со селекторот, читајте Спорт Манија и обложувајте се во Sport Life во пријатна атмосфера.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести