Столе Димитриевски позитивен на ковид-19 – Им се обрати на навивачите: Се чувствувам одлично, наскоро се гледаме на терен

Столе Димитриевски објави дека има позитиве тест на корона-вирус, но веднаш ги информираше своите фанови дека се чувствува добро и дека наскоро очекува камбек на фудбалските терени.

„Во одлична кондиција сум и ги почитувам протоколите во домашен карантин. Ви благодарам на сите за поддршката и се гледаме наскоро на терен“, објави голманот на Рајо Валјекано и македонски репрезентативец.

Во следните неколку денови што ќе ги мине во самоизолација, па Димитриевски повторно ќе биде тестиран.

За него се заинтересирани шпанските прволигаши Гранада и Хетафе, но сега е најважно да го прегрми периодот на самоизолација и што побрзо да ја „прележи“ заразата со ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести