Столе Димитриевски ја заштити неговата мрежа, но Рајо не победи дома

Рајо Вајекано ја прекина низата од три победи по ред и одигра без голови на свој терен против Селта Виго. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше непогрешлив на голот на домаќините и успеа да ја сочува својата мрежа незатресена, но, за жал, тоа не беше доволно за домашните фанови на крајот да се радуваат на три бода.

Домашните офанзивци делуваа „заспано“ и не успеаја да постигнат ниту еден гол, па на крајот средбата заврши 0:0. Ако се видат резултатите во последните пет кола во Примера, Рајо е единствениот тим заедно со Барселона што нема пораз во овој период, што само покажува дека тимот од предградието на Мадрид е во добра форма.

По 14 одиграни кола, Рајо има 22 бода и моментно е на осмото место на табелата во Примера дивисион. Селта со освоениот бод на ова гостување стигна до 12 бодови и е на 17-тото место на табелата, последно кое носи спас од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести