Македонскиот репрезенативен голман Столе Димитриевски беше на голот на Валенсија и успеа својата мрежа да ја сочува мирна во трумфот над Бургос (0-2) во Купот на кралот. Тимот од Ла Лига покажа доминација и успеа да стигне до планираната победа на овој меч.
Рубо во десеттата минута ја доведе Валенсија во водство.
На почетокот на вториот дел Умар Садик ја удвои предноста на Лилјаците и Бургос немаше сили да стори нешто повеќе.

