Столе и Рајо не издржаа, Севиља се спаси во 96-тата минута (Видео)

Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано останаа без победата, иако имаа водство од 0-2 на гостувањето кај Севиља на полувремето. Валентин и Гарсија во 21-вата и 26-тата минута донесоа убедливо водство за Рајо Ваљекано. Сепак, во продолжение од мечот, најпрво Со намали на 1-2 во 50-тата минута, а Ен-Несири во 96-тата минута и по втор пат го матираше нашиот репрезентативен чувар на мрежата за конечни 2-2 и голем бод за Севиља.

Доколку се случеше Рајо Ваљекано да го издржи налетот на домашната екипа, Столе Димитриевски сигурно ќе беше еден од најзаслужните за тоа со одличните одбрани во текот на натпреварот. Сепак, немаше сили да ја спаси победата при одличниот удар на Ен-Несири пред последниот свиреж на главниот судија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести