Столе и Рајо ставија крај на серијата од осум меча без победа, „пукна“ 7+ во Бундеслигата

Рајо Вајекано со 2:1 ја победи Осасуна во меч од 29 коло во шпанското првенство. Со оваа победа Рајо стави крај на постот без победа, кој траеше повеќе од два месеци.

Пред крајот на првиот дел, Рајо Вајекано постигна два гола и стигна до солидна предност, а во вториот дел Осасуна еднаш успеа да го матира Столе Димитриевски и намали на 1:2, но тоа не беше доволно гостинот од Памплона да се спаси од пораз.

Во германската Бундеслига, Шалке со убедливи 5:2 славеше над Херта Берлин. Со овие три бода Шалке избега од дното на табелата каде сега е токму Херта.

Олимпик Лион благодарнеие на автоголот на Коста во 88 минута стигна до победа на гости кај Тулуз со 2:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести