Столе ја победи короната, па со празна мрежа се врати во составот на Рајо

Столе Димитриевски се врати меѓу диреците на Рајо Валјекано откако го прележа корона-вирусот, и веднаш стартуваше со празна мрежа во победата над Малага од убедливи 4-0.

За Димитриевски ова беше прв настап во новата сезона, а во вистински момент се враќа во натпреварувачки погон во пресрет на обврските со Македонија во Лигата на нациите.

Столе ќе биде дел од селекцијата на Игор Ангеловски за клучниот дуел против Косово во плејофот, а би требало да биде прв избор и за мечевите против Естонија и Грузија во октомврискиот циклус.28

 

- Оглас -

Најнови вести