Ќе биде последниот бедем на Македонија во Палермо: Ја победивме Германија, можеме и Италија (Видео)

Столе Димитриевски ќе биде последниот бедем на одбраната на Македонија против Италија во Палермо на бараж-мечот што одлучува за настап на Светското првенство во Катар.

Мечот ќе се игра на 24 март, а победа гарантира завршен бараж-дуел со Португалија или Турција за настап на Мундијалот во ноември и декември оваа година.

„За нас ова е најважниот натпревар. Се подготвуваме за мечот и одиме на победа во Италија. Не беше лесно да се одигра еден сложен квалификациски циклус и да се стигне до плејофот за настап на Светското првенство. Никогаш не сме играле на Мундијал и сега ни е шансата за историски настап. Кога можевме да ја победиме Германија, можеме и Италија, иако тие се актуелни европски прваци.

Сакаме да покажеме дека заслужено сме тука, да направиме добар резултат и, секако, да одиме на победа“, изјави Димитриевски.

Изјавата на нашиот голман, кој ќе биде стартер на мечот со Италија задутре на „Ренцо Барбера“ од 20.45 часот, можете да ја погледнете ОВДЕ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести