Страотен пад на глава, Нерленс Ноел настрада во дуелот со Вигинс (Видео)

Нерленс Ноел нема среќа со повредите и само што влезе во ритам во новата сезона, повторно доживеа тешка повреда. Ноќеска резервниот центар на Оклахома тандерс тешко настрада во дуелот со Ендрју Вигинс и најпрво доби ненамерен удар во главата, а потоа падна како покосен, и тоа директно на глава.

По неколкуминутна интервенција на медицинскиот тим, Ноел беше изнесен од теренот на носилка и повторно го чека долга пауза.

Нерленс е единствениот играч моментно во НБА-лигата што имаше барем една блокада во просек на последните 20 натпревари. Тој беше шести пик на драфтот во 2013 година, а го избра Њу Орлеанс пеликанс.

- Оглас -

Најнови вести