Страотен пад на светскиот првак – Скрши клучна коска и две ребра, сведоци велат: Личеше на хорор филм, едвај дишеше (Видео)

Актуелниот светски првак во велосипедизам, Жулиен Алафилип имаше страотен пад на трката од Лиеж до Бастоњ и по ударот во дрво крај патеката ја скрши клучната коска на рамото и две ребра, па очевидци велат дека бил во тешка ситуација и едвај дишел.

Веднаш на помош му пристигнал Ромеин Барде, кој се обидел да му помогне на повредениот шампион.

„Беше вистински хорор. Пред мене се судрија двајца велосипедисти, видов дека едниот од нив е Том Питкок, а јас летнав на десната страна од патеката. Кога станав го здолгледав Жулиен како лежи во провалијата. Бев во шок, бидејќи очигледно беше дека е тешко повреден. Едвај говореше и воопшто не можеше да се движи. Го блокираа патот за да му помогнат и се надевам дека се ќе биде в ред со него“, изјави Барде.

Алафилип ја скрши клучната коска и две ребра и е хоспитализиран во стабилна состојба.

Сигурно ќе го пропушти новото издание на Тур Де Франс, а неизвесно е дали ќе може да ја брани и светската титула што ја освојуваше двапати по ред.

- Оглас -

Најнови вести