Страшен гол на Сенегалецот – Идриса Геј ги засени ѕвездите на ПСЖ (Видео)

Идриса Геј ги засени ѕвездите на Пари Сен Жермен со фантастичен удар и гол од огромна далечина на мечот против Брест. Репрезентативецот на Сенегал не размислуваше премногу и со топовски удар од околу 35 метри го изненади голманот на домаќините, Бизо.

Со тој гол во 73. минута дефанзивниот играч за врска на ПСЖ зголеми на 1:3 за парижани на стадионот „Франсис Ле Бле“ во Брест.

Претходно за првиот фаворит за титулата во Франција убави голови постигнаа и Андер Ерера во 23. минута и Килијан Мбапе во 36. минута.

Првиот гол за Брест го постигна Онорат во 42. минута по прекрасната асистенција со петица на Фавре, а домаќините имаа сили само за да намалат на 2:3 со погодокот на Муние во 85. минута.

Во финишот на мечот во Брест се истакна и Анхел Ди Марија со прекрасен гол со лоб удар со што ја запечати победата на ПСЖ од 4:2.

 

Во истиот термин од 21 часот во меч од второто коло во Ла Лига, Бетис и Кадис ремизираа 1:1 во Севилја.

 

 

- Оглас -

Најнови вести