Страшен старт кој заврши со скршеница на ногата, за судијата е само жолт картон (Видео)

Антонио „Чучо“ Лопес, фудбалерот на мексиканскиот славен тим Клуб Америка, се здоби со скршеница на ногата во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите во зоната КОНКАКАФ, а за фаулот кој го направи играчот на Олимпија од Хондурас доби само жолт картон.

Олимпија победи на гостувањето во Мексико сити со 1-0, но Америка оди понатаму поради гостинската победа од 2-1 во првиот дуел. Тренер на Америка е поранешниот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари. Тој „грмеше“ по судијата и беше незадоволен што не е покажан црвен картон. Колумбиецот Арболеда, кој му ја скрши ногата на Лопес, по мечот се извини, но Америка во битка за трофејот ќе мора да игра без популарниот Чучо.

https://www.youtube.com/watch?v=D3ib7EQCN8g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести