Страшна бомба на Нафиу го стресе Тотенхем, Шкендија израмни на 1:1 (Видео)

Валмир Нафиу со фантастичен гол во 55-тата минута израмни на 1:1 во Скопје, а Шкендија игра одлично на стартот од второто полувреме против фаворитот Тотенхем.

Офанзивецот на Шкендија упати силен и прецизен удар од 20-тина метри, кој заврши зад грбот на Џо Харт.

Првото полувреме му припадна на Тотенхем со голот на Ерик Ламела во петтата минута, но потоа и тетовци одиграа многу подобро и сега имаат добар резултат на половина час до крајот на полуфиналето во квалификациите за Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести