Страшна сцена: братот на Марио Геце не можеше да мрдне и на носила го изнесоа од терен!

Некогашниот германски првак Кајзерслаутерн, ги доживува најтешките моменти во клупската историја, моментно е во трета лига и во три кола уште нема дадено гол, а на денешното гостување кај Викторија им се случи уште еден голем малер, нивниот член Феликс Геце при судар со глава со соиграч, се здоби со потрес на мозокот и неколку минути лежеше на терен без да се подмрдне.

Феликс е помлад брат на Марио Геце, играчот на ПСВ Ајндховен кој го даде победничкиот гол за Германците во финалето на СП 2014 година. За среќа, фудбалерите на терен беа присебни, го легнаа Геце странично, за да не го голтне јазикот и да не се задуши, а потоа работата ја презедоа медицинските лица.

- Оглас -

Најнови вести