Страшна вест од Русија: голман почина на терен!

Голема трагедија го потресе рускиот фудбал. Голманот Александр Шишмарев, кој го бранеше голот на Краснаја ѕвезда од Совјетск, на пријателскиот меч со Балтика М во Калининград, се судри со противнички напаѓач, и падна во несвест, а лекарите безуспешно се обидуваа да го спасат. Шишмарев имаше само 23 години.

Според првите информации, голманот не починал од последица од повредата на главата, туку се угушил, откако го голтнал јазикот кој не можеле да го одглават. Ова бил пријателски меч и имало лекари од тимовите, а била повикана и брза помош, но тие дошле после 20-тина минути. Колку и да се обидувале да го спасат, било доцна.

- Оглас -

Најнови вести