Страшни Волчици од Германија – Дамите од Волфсбург се поопасни и од Баерн

Германците имаат и женски екипи за гордост што безмилосно газат во Европа, а можно е да имаат и два тима во полуфиналето и на женската Лига на шампиони.

Првакот на Германија, Волфсбург вечерва на многу убедлив начин со импресивна победа од 9:1 против шкотски Глазгов се пласираше меѓу квартетот најдобри во Европа и за финале ќе игра против Барселона.

Предводени од скандинавското дуо Хардер и Енген, Волфсбург си поигра со ривалките од Шкотска. Капитенката на германскиот тим, данската репрезентативка Хардер постигна дури четири гола, а помош стаса и од Норвежанката Енген, која двапати ја тресеше мрежата на Глазгов.

Хардер имаше и една асистенција во импресивниот настап на неутрален терен во Сан Себастијан.

Во второто полуфинале што се играше во ист термин од 18 часот вечерва, Барселона го доби шпанското дерби против Атлетико Мадрид со 1:0. Кеира Хамрауи погоди за победа во 80. минута.

Во двете преостанати четвртфиналиња Баерн Минхен ќе игра против Лион, а ПСЖ за противник ги има ривалките од Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести