Екипата на Струга Трим Љум успеа да го израмни резултатот на 1-1 против Македонија ЃП и да се избори за продолженија на 30-тото финале од Купот на Македонија.
Голот за стружани беше постигнат во 78-мата минута, кога Јусуфи со помош на Стоилов го пронајде патот до мрежата на Стевковски.
Претходно, Македонија ЃП водеше со 1-0 после првиот дел.
Ова е четврто финале по ред кое завршува нерешено во регуларните 90 минути. Претходните три завршија нерешено и после продолженијата, а победникот беше одлучуван после изведувањето на пеналите.