Струга ТЛ го доби дербито против Шкупи во меч на кој имаше три гола од пенали

Струга Трим Лум останува лидер во Прва лига на Македонија, откако на свој терен го доби дербито против Шкупи со 2:1. По 22 кола, Струга има 42 бодови, а Шкупи останува втор со 38 бодови.

Дербито беше решено со удари од белата точка. Два пенали беа во корист на стружани, а еднаш од белата точка шутираа гостите. Првата радост за домаќините стигна во 23 минута кога Бунџамин Шабани погоди од белата точка, што беше и резултат по првиот дел. Во 90+7 минута беше досуден пенал и за Шкупи, а Алварез даде почесен погодок.

Неизвесноста околу победникот траеше до пред самиот крај, кога Брдаровски стартуваше во дуел со Бесарт Ибраими, а судијата Игор Стојчевски досуди и втор пенал за домаќините. Ибраими кој во претходното коло промаши два пенали против Македонија Ѓорче Петров, овојпат беше сигурен и погоди за 2:0.

Академија Пандев без многу проблеми со 3:0 ја победи прилепска Победа, а пред своите навивачи сигурна беше и Шкендија против Работнички. Тетовци славеа со 3:1. Брегалница се радуваше на гости во Кратово против Силекс со 2:1, а единствено победник немаше во скопскиот дуел меѓу Скопје и Македонија Ѓорче Петров, кој заврши 1:1. Дино Најдоски си даде автогол во првата минута за радост на гостите, а Скопје со погодок во 90+4 минута се спаси од пораз.

Табела: Струга 42 бодови, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 32, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, Академија Пандев 19, Скопје 14, Победа 13 бодови.

- Оглас -

Најнови вести