Струга ТЛ заборави што е победа, реми и на второпласираната Шкендија

Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, Струга Трим Лум сè уште се наоѓа во резултатска криза и денеска го одигра четвртиот меч без победа.

Стружани одиграа 1:1 на гостувањето кај Работнички, но поради ремијата и на нивните ривали, останаа лидери на табелата со 27 бода. Струга во последните четири меча има по два порази и ремија.

Шаркоски му донесе водство на Работнички во 68-та минута, но само четири минути подоцна Шабани израмни на 1:1, резултат кој на крајот се покажа конечен.

Киксот на Струга ТЛ не го искористи Шкендија која исто така ремизираше, но на домашен терен против Академија Пандев и остана на второто место на табелата со четири бода понмалку од лидерот.

Тетовските Црвено-црните поведоа уште во деветтата минута со голот на Дориев, а Пандевци успеаја да израмнат преку Ѓоргиевски во 69-та минута и да го постават конечниот резултат.

Македонија ЃП со 1:3 славеше на гостувањето кај Победа, а предноста на домашниот терен ја искористи само Брегалница која во Штип го победи Тиквеш со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести