Струмичанец покажа како со 30 денари може да се добијат 100.000

Добивката од 100.031 денари со уплата од 30 денари заслужи да се најде на прво место како најдобар тикет изминатиов викенд. Ливчето е уплатено во Струмица, а на него има 16 парови од фудбалски натпревари кои се играа вчера.

Најголема радост му донесе погодокот на Валенсија во 93-тата минута за победа над Уеска. Прогнозата беше дека домашните ќе победат, а среќата му беше наклонета бидејќи судијата покажа три минути продолжување и „лилјаците“ дадоа гол за победа една секунда по истекот на трите дополнителни минути.

Севилја во 91-вата минута се спаси од пораз кај Леганес, а тука струмичанецот чекаше Х2.

Една од покритичните му беше и средбата Сент Џонстон – Глазгов ренџерс, каде што струмичанецот чекаше да паднат три гола. Третиот гол беше постигнат во 88-мата минута. Амиен изедначи кај Бордо во 87-мата минута, таман за прогнозерот да погоди дека ќе паднат барем два гола. Најголемиот коефициент од 3.15 беше за дуелот Клуб Бриж – Антверп, каде што е играно победа на домашните и „гол-гол“.

ЧАИРЧАНЕЦ СО 200 ДЕНАРИ УПЛАТА, ДОБИ 143.382 ДЕНАРИ

Комбинацијата од двојна шанса со тоа дека двата тима ќе постигнат барем по еден гол на еден прогнозер му донесе добивка од 143.382 денари. На ова ливче уплатено во скопски Чаир има осум натпревари, а уплатата е 200 денари. Квотите се движат од 1.78 до 2.80.

Со Евертон и Тотенхем, односно Галатасарај и Сиваспор и Бенфика – Брага немаше проблем, но кипарскиот меч Енозис Паралимни – Омонија, беше критичен. Потребни беа голови на двете страни, а до 77-мата минута резултатот беше 0-0. Сепак, во финишот двата тима дадоа голови. И кај него, голот на Амиен на гостувањето кај Бордо во 87-мата минута му донесе радост.

Специја и Палермо уште по првото полувреме дадоа голови, но на прогнозерот му требаше и гостите да не загубат, па до последните моменти стравуваше, слично како и на Хофенхајм – Мајнц, каде што играчот не посакуваше гостите да дадат уште еден гол.

- Оглас -

Најнови вести