Струмица го доби првиот ривал во ЦЕВ купот

Македонскиот одбојкарски првак Струмица по квалификациите во Лигата на шампионите го продолжува патот во ЦЕВ купот. Струмичани по двата порази од Олимпијакос, сега ќе се сретнат против Фино Капошвар.

Првиот меч од првото коло од ЦЕВ купот, Струмица ќе го одигра на домашен терен, на 8 октомри во салата „Парк“, со почеток од 19 часот. Реваншот е предвиден една недела подоцна во Унгарија.

Струмица со унгарскиот тим се сретна минатата година на еден од квалификациските турнири во Лигата на шампионите кој се одржа во Бугарија. Тогаш Фино Капошвар славеше со 3-0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести