Струмица со „метла“ за Борец до 10-тата титула во одбојкарското првенство (Фото)

Одбојкарите на Струмица се старо-нови шампиони на Македонија во машка конкуренција откако со максимални 3-0 го добија третиот натпревар од серијата против Борец. Велешани и вторпат сезонава можеа само да му честитаат на поквалитетниот противни откако беа поразени од Струмица и во финалето од Купот на Македонија.

Струмица на првите два натпревари победи со идентични 3-1, но вечерва серијата ја затвори со максимални 3-0 за големо славење во салата „Парк“ во чест на 10-тата титула за струмичката одбојкарска гордост.

- Оглас -

Најнови вести