Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијазо, свесен е дека тимот има мала маргина за грешка на гостувањето кај Бодо/Глимт, а објасни зошто условите го прават овој тест во Норвешка уште потежок за Старата дама.
Јувентус досега нема победа во Лигата на шампионите оваа сезона, има три нерешени и еден пораз, се наоѓа на 26-тото место на табелата со три бода, што не е доволно ни за место во плејофот за осминафинале.
За да биде уште полошо за тимот на Лучано Спалети, мора да се вадат против Бодо/Глимт на температури под нулата и на вештачки терен.
„Мораме да освоиме бодови, ова е важен натпревар. Ќе биде тешко, но мора да бидеме подготвени најдобро што можеме. Проблемот се климата и теренот. Ќе биде -6 степени, тоа влијае на дишењето, на силата во нозете, ќе мора да ги смениме копачките. Не сум играл на вештачки терен од моите 17 години, тоа ќе биде најголемата разлика“, изјави Камбијазо.

