Репрезентацијата на Уругвај го освои третото место на Копа Америка, откако во многу драматичен меч, дури по подобро изведување на пенали ја победи Канада. По регуларниот дел резултатот беше 2:2, а потоа веднаш се шутираа пенали во кои Уругвајците беа безгрешни, додека фудбалерите на Канада промашија два пати, па на крајот резултатот беше 4:3 за Уругвај.
Фаворитот Уругвај добро започна и поведе со погодоот на Бентакур, но Канаѓаните брзо се вратија во игра со погодокот на Коне во 22 минута. Резултатот не се менуваше се до 80 минута, кога Давид погоди за изненадувачко водство на Канада од 2:1.
Делуваше дека Канада ќе стигне до третото место на турнирот, што би било нивни прв медал на Копа Америка, но легендарниот Луис Суарес не мислеше така. Докажаниот голгетер се покажа како спасител на Уругвај и со погодок во 90+2 минута израмни на 2:2, со што го одведе дуелот на пенали.
Во пенал-рулетот Коне и Давид промашуваа во третата и петата серија за Канада, додека Уругвај изведе четири пенали и сите четири ги погоди, па на крајот се радуваше на бронзениот медал.