Суарес не заборави да ги „поздрави“ Куман и Бартомеу: Им пратив една мала фотографија

Луис Суарес дефинитивно е еден од најзаслужните што Атлетико Мадрид сезонава стигна до шампионскиот трофеј во Шпанија. Голгетерот одигра фантастично и даде 21 погодок, а беше стрелец и на клучните погодоци во последните две кола, кога се решаваше за трофејот.

Уругвајскиот напаѓач во Атлетико Мадрид дојде пред помалку од една година и тоа случајно. Суарес беше дел од Барселона, кога во каталонскиот гигант дојде новиот тренер Роналд Куман. Тогаш започнаа проблемите за него во Барселона. Куман најави дека нема да му биде потребен Суарес во тимот, а тогашниот претседател Јосеп Марија Бартомеу се согласи дека Уригваецот треба да си замине.

Едноставно, Бартомеу и Куман го избркаа Суарес од „Камп Ноу“, а тој мораше да бара нов клуб и го избра вистинскиот. Атлетико го купи за само пет милиони евра, а сега Јорганџиите се шампиони. Суарес не заборави да ги „поздрави“ Бартомеу и Куман кои не веруваа во него во Барселона.

„Куман ми кажа дека ако не си заминам до утре, ќе смета на мене за дуелот против Вилјареал. Јасно е дека одлуката за мое заминување од Барселона дојде од челниците на клубот, но тогаш ми стана јасно дека Куман е човек без карактер. Прво рече дека не ме сака во тимот, а потоа дека ако не си заминам, ќе ме стави во составот. Ни Куман, ни Бартомеу, ниту никој од поранешната управа на Барселона не ми честиташе за титулата. Затоа, јас им подготвив една мала фотографија и им ја испратив“, вели Суарес.

Шпанските медиуми веднаш објавија дека Суарес на Бартомеу и Куман им испратил фотографија од шампионскиот трофеј.

- Оглас -

Најнови вести