Суарес превзема обврска да се грижи за 500 семејства во Уругвај

Луис Суарес на теренот се има докажано како еден од најдобрите напаѓачи на денешницата. Дека не е феноменален само во фдубалот, Суарес покажа со својот хуман потег. Голгетерот на Барселона и на уругвајската репрезентација на себе превзема грижа на 500 семејства од Уругвај, додека трае пандемијата со Коронавирусот.

Многу деца досега се хранеа во училиштата, кои сега се затворени, па сиромашните семејства се принудени да се снаоѓаат на кој начин да ги прехранат најсаканите. Откако слушна за ваквите проблеми, Суарес веднаш се понуди да помогне.

„Тоа е најмалку што можам да направам. На луѓето ги советувам да останат дома, за да може да останат здрави“, рече Суарес.

- Оглас -

Најнови вести